„Нашата цел останува иста – победа против Работнички“

0
Фото: Струга Трим Лум/Фејсбук

Фудбалерите на Струга Трим Лум сакаат да го следат Вардар во чекор, а за тоа им се потребни три бода и од денешниот дуел против Работнички, што ќе се игра на комплексот „Петар Милошевски“ на ФФМ.

Струга Трим Лум секогаш се обидува да победи, на секој нареден натпревар. Се надеваме дека со таков ќе стигнеме и на врвот. Засега сме во улога на конкуренти за највисок пласман и се надеваме на триумф и на денешниот меч против Работнички“, вели интернационалецот Ласана Дијако.

Тој ја истакнува намерата на стружани да освојат три бода.

„Стратегијата на тимот останува иста, дури и кога тренерот ќе промени по неколку играчи. Сите треба да ја одработат својата улога и најважното е Струга Трим Лум да стигне до успех. И јас се трудам да дадам сè од себе и да му помогнам на тимот во секоја ситуација“, изјави Дијако.

ПретходноМакедонија против Данска ќе игра на стадион кој има капацитет од 38.000 места