Илија Несторовски не престанува да ја воодушевува фудбалската јавност во Хрватска. Иако е во одминати години тој и натаму игра и ги тресе мрежите, па затоа е и во тимот на 14.коло во елитната лига на Хрватска.

Да потсетиме дека во саботата Македонецот постигна два убави гола против Вуковар, и со нив и тоа помогна да победи неговиот Славен Белупо со 4:1.
Ете, затоа Нестор е во идеалниот состав на 14.коло во ХНЛ.










