„Димитријевиќ не одговара на повиците, Мур доаѓа во среда“

17

Македонската кошаркарска репрезентација стартуваше со мини-подготовките за претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година. Прв противник е Азербејџан, селекција против која го играме на 27. ноември во СРЦ „Кале “ во Скопје, по што следува дуелот со Ирска на гости.

Од Американците, селекторот Марјан Илиевски на располагање ќе ги има Џејкоб Вајли и новиот Омари Мур, додека пак Сестина ќе биде на располагање во следните мечеви, тој е повреден. После долго време ќе биде и Андреј Јакимовски, кој вчера пристигнал во Македонија. Илиевски објасни и за Ненад Димитријевиќ.

„Вајли е со тимот, Мур доаѓа во среда, а Сестина е повреден и ќе отсуствува два месеци. Имаме на располагање двајца натурализирани играчи и ќе одлучиме кој ќе игра. Двајцата ќе бидат тука и по она кое ќе го увидиме, ќе ги распоредиме. Андреј Јакимовски е исто така присутен тука, сигурно ни значи многу како македонски играч и играч кој веќе има одлична минутажа во својот клуб. Игра високо натпреварување, се работи за европски систем во последните месеци и ќе биде од огромно значење.

Ненад Димитријевиќ пред дваесетина дена информира преку тим-менаџерот Бојан Георгиевски дека сака да присуствува на собирот и дека ќе одговори на претквалификациите. Во последната недела таа релација не постои, бидејќи на јавувањето, не се јавува. Можеби најдобро ќе биде одговорот за Димитријевиќ да го даде Георгиевски, затоа што тој е задолжен за играчите. За Нено се врзани многу шпекулации, но јас можам да кажам дека се додека јас сум тука селектор, ќе биде ставен на список и повикуван, а негово е дали ќе одговори на повикот или не. Од наша страна, за таков играч и за тоа колку тој значи за репрезентацијата, вратите се отворени“, изјави на прозивката Илиевски. 

ПретходноЕден е Меси: Аргентинецот изедначи светски рекорд