Трагедија во Белград – застрелан лидерот на „Гробари Земун“

0

Водачот на навивачката подгрупа на Партизан „Гробари Земун“ – Тадија Пантиќ, беше застрелан во сабота во Нов Белград, објавија медиумите во нашиот северен сосед.

Според извештајот од местото на злосторството, 23-годишниот Пантиќ патувал на состанок, кон него биле испукани најмалку пет истрели. Навивачот бил пронајден од неговите пријатели и сестра.

Според медиумските извештаи, Пантиќ живее недалеку од местото на убиството и требало да се сретне со еден пријател. Се сомнева дека навивачот на Партизан го забележал убиецот и се обидел да избега од него.

Според неофицијални информации, убиецот и неговиот соучесник пристигнале со мотоцикл пред куќата на жртвата. Скутерот што се користел во убиството на Тадија Пантиќ подоцна бил пронајден запален во Вождовац.

Лидерот на фракцијата „Гробари Земун“ и претходно беше цел на напади, со два обиди за атентат врз него, од кои првиот беше во јуни оваа година.

ПретходноМурињо објасни зошто му побелела косата: Сето тоа е поради еден фудбалер и неговиот менаџер