Иако пред неколку денови, водечките медиуми во Шпанија пренесоа дека Винисисус нема намера да си оди од Реал Мадрид, дека проблемите меѓу него и Чаби Алонсо се минато.
Но, дали е баш така, ако се знае што се пренесуваат тие вчера и денеска.
А тоа е дека Бразилецот одново посочил дека не се гледа во Реал се додека е тука Алонсо, а за се тоа ова “виновник“ е Ерлинг Халанд.
Во меѓувреме, Винисиус наводно дознал за планот на Чаби Алонсо. Имено, поранешниот тренер на Баер Леверкузен инсистира на друг тип напаѓач, па дури и го замолил Флорентино Перез да се обиде да купи некој како Ерлинг Халанд, уверувајќи го првиот човек на клубот дека е „едноставно подобар од Винисиус“. Во Баер Леверкузен, Чаби Алонсо претпочитал по традиционален централен напаѓач, некој што би можел да биде клучен во напаѓачката фаза. Халанд очигледно би бил најдобриот избор, но колку е тоа реално, со оглед на договорот што го има на „Етихад“ и со оглед на тоа колку многу значи за Сити, и на сите им е јасно дека овој познат тим нема потреба да ги продава своите најдобри играчи.
25-годишниот Норвежанец, кој ќе игра и на Светското првенство, има договор со Сити до 2034 година и е еден од најплатените играчи во Европа.
Некои ќе речат дека сега изгледа како невозможна мисија, но Флорентино Перез направил многу поголеми работи во минатото, а навивачите на мадридскиот тим веќе го имаат во мислите нереалниот напаѓачки тандем Килијан Мбапе – Ерлинг Халанд. Тогаш сигурно никој повеќе нема да се сеќава на Винисиус…
Е, затоа Бразилецот збеснал откако дознал дека Чаби Алонсо повеќе го сака во нападот Халанд отколку него.










