По пауза од шест години: Вардар веќе викендов може да стане есенски првак!

0

До крајот на есенскиот дел во нашата ПМФЛ остануваат уште две кола, 15 и 16. Претстојниот викенд (петок – понеделник) на програмата е претпоследното есенско или 15.коло, а следниот викенд е последното. Познато е дека по 14.коло Вардар и натаму е прв со 36 бодови (+19 гол разлика), втора е Струга ТЛ со 35 (+24) и трета е Шкендија 30 (+14).

Па така од ова произлегува дека Вардар веќе во недела (30 ноември) може да ја прослави есенската титула што се вели. Како прв услов е да слави дома со Шкупи а Струга ТЛ биде поразена дома со Башкими.

Ако биде така, тогаш нашиот најтрофеен клуб по цели шест години повторно ќе биде есенски првак. Последен пат беше во сезоната 2019/20 во таа “корона“ сезона кога не само што по првата полуетапа беше првак, туку и на крајот ја освои титулата.

Тогаш тренер беше Александар Васоски, а директор Гоце Седлоски кој сега не знае за пораз 33 официјални мечеви како стратег на Вардар на домашна сцена.

Ова фановите на Вардар долго го чекаа, цели шест сезони. Од пропаднат клуб кој играше и во ВМФЛ, сега Вардар знае како треба, повторно е на врвот на мак – фудбалот.

Во случај претстојниот викенд и да не се случи, тогаш оној нареден во последнто есенско коло лидерот со победа над Македонија ЃП секако дека ќе презими на чело на табелата, без разлика што во тоа 16.коло ќе направи Струга ТЛ кај Тиквеш и Кавадарци.

Да споменеме и тоа дека и Шкендија, иако теоретски, сепак има шанси да биде есенски првак. Но за тоа да се оствари актуелниот шампион, кој има 30 бодови и е трет, треба да слави против со Работнички дома и со Башкими на гости, и тоа со убедливи победи, ама под услов и Вардар и Струга ТЛ на нивните мечеви да бидат поразени, да не освојат ниту бод, што секако дека е малку веројатно.

ТАБЕЛА ПО 14.КОЛО

1.ВАРДАР 36 (+19)

2.СТРУГА ТЛ 35 (+24)

3.ШКЕНДИЈА 30 (+14)

Колку за потсетување, се до последното коло за местата на табелата одлучува гол – разлика, само за крајниот пласман ако две или повеќе екипи имаат ист број бодови, решаваат меѓусебните дуели.

ПретходноБледи Шкемби: Заслужена победа на Струга ТЛ, Малески за нас е додадена вредност!