Зекирија Рамадани: Секако дека ќе има емоции кога се игра против Шкендија!

114
ФОТО: Drita FC/FB

Во четврток во 21 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина, во меч од 4.коло во Лигата на Конференции, силите ќе ги одмерат Дрита (Косово) и Шкендија (Македонија). Ова е екстра важен меч и за двете екипи, се чини кој и да победи ќе има големи шанси да се најде во плеј – офот во ова натпреварување и да обезбеди европска пролет.

Ако се знае дека тренер на Дрита е Зекирија Рамадани, еден од нашите најдобри стратези, човек кој каде и да работеше на Косово имаше само успеси, јасно е дека “СпортСпорт“ го контактираше Зеко во пресрет на ова балканско европско дерби:

Па, интересен меч. Секако дека ќе има емоции кога се игра против Шкендија. Јас сум од Македонија, Шкендија е шампион на Македонија, клуб за кого и сум играл, затоа го велам тоа. Од друга стрна без разлика на се, познато е дека јас сум голем професионалец и за мене овие денови во мислите ми е само како мојата Дрита да слави против Шкендија. Секоја чест за Шкендија, но ако од другата страна е и моето дете, јас сакам да победам. Таков сум“ вели Зеко и продолжува…

И не само за мене, емотивно ќе биде и за Егзон Бејтулаи кој играл во Шкендија долго време, како и за Блертон Шеји, кој играше за Струга ТЛ и Шкупи. Сепак, како што реков, и јас и сите во клубот посакуваме победа. Познато е дека со три бода, дали ние или Шкендија најверојатно ќе одат во плеј – офот. Не сакам мојата Дрита да игра убаво, сакам да победи. Важни се трите бода, затоа ги посакувам“.May be an image of soccer, football and text

Тој се осврна и на самиот тим на Шкендија:

Силен тим, респект за сите во клубот од Тетово. Познато е дека ние ги дочекуваме противниците на Шкендија, па сакале или не, мора да ја анализираме играта на тетовци. Реков тоа е силен тим, посебно средниот ред и нападот. Не смее во никој случај да не залаже овој последен пораз на Шкендија, тоа никако. Кога се игра во Европа мотивите се на посебно ниво. Да кажам дека и мојата Дрита има квалитетен тим, затоа сум оптимист“.

Рамадани е убеден дека во четврток во Приштина тоа ќе биде фудбалски празник:

Да, трибините ќе бидат преполни. Колку што знам дека ќе има и голем број фанови на Шкендија. Тоа е убаво, верувам и очекувам дека нема да има никакви провокации, дека се ќе мине во една фер и спортска атмосфера. Да покажеме и ние дека овде на Балканот можеме да организираме и одиграме еден европски натпревар на високо ниво. И на крај нека победи подобриот, јас посакувам и очекувам тоа да биде мојата Дрита“ заврши Рамадани за “СпортСпорт“, кој како играч беше дел од најславните денови на Слога Ј.

ПретходноЕспањол им се врати на победите
СледноТројка од пола терен и нов трипл-дабл за Јокиќ (ВИДЕО)