Несторовски даде два гола иако играше со напукнато ребро!

47
фото: NK Slaven Belupo (X)

Хрватски Славен Белупо убедливо го победи Вуковар со 4:1 во 14. Коло на хрватскиот шампионат, а денеска од клубот објавија дека стрелецот на два гола за Славен, нашиот Илија Несторовски на овој меч играл со напукнато ребро.

„Несторовски играше и покрај тоа што сè уште чувствуваше силна болка од скршеното ребро што го доби во ремито 1-1 со Локомотив, па до последен момент беше неизвесно дали воопшто ќе игра – но тој одигра одлично“, пишуваат хрватските медиуми.

„Не е ништо сериозно, само скршив ребро во судир со голманот на Посавец. Стиснав заби, но тоа е помалку важно, можеби не треба ни да го споменуваме. Важно е што победивме и освоивме три бода“, рече Несторовски во интервју за „Спортске Новости“.

ПретходноЕкс-бразилски репрезентативец потпишал со Вардар и доаѓа во јуни
СледноИн Мемориам: Почина Димче Стојкоски – Лепиот