Шкупи – Пелистер 0:3 е исходот од последниот меч од 14.коло во ПМФЛ. Меч кој се одигра во Струга и меч кој и како беше интересен. Имаше многу шанси, имаше и поништување на два гола од страна на ВАР, по еден на двете страни. Сепак Пелистер успеа да дојде до победата со головите на Петар Петковски, Александар Ристевски и Лука Булатовиќ во второто полувреме. Посебно овој последниот беше фантастичен, еден од поубавите сезонава.
Со оваа победа четата на стратегот Милан Стојановски сега е на 10.место со 14 бодови, додека Шкупи и натаму е убедливо последен на табелата.
Првте возбудувања беа во 5.минута кога Булатовиќ постигна гол за 0:1, но истиот беше поништен од ВАР собата поради офсајд. Битолчани беа подобри во поле, имаа иницијативата и се закануваа преку Спировски и Петковски, но Шкупи преку Шуку во 24.минута и Муарем во 28.минутаа имаа зицери за 1:0, но сепак ништо од водство.
Па така со тие 0:0 се замина на пауза.
Само што започна второто полувреме, битолчани во еден напад со три обиди да се дојде до гол, но повторно резултатот и натаму беше 0:0.
Се играше 48.минута кога Муарем постигна прекрасен гол, со прекрасен шут од десно, ноп бадијала беше радоста негова и на сите кај Шкупи. Од ВАР стигна реакција дека тој претходно играл со рака.
И конечно гол. И конечно Пелистер е во водство, откако по една добро изведена акција Петар Петковски стрелаше за 0:1. И оваа ситуација ја проверуваше ВАР, но сега го призна голот.
Тоа не беше се од Пелистер. Се играше 80.минута кога Лука Булатовиќ со прекрасен гол донесе водство на битолчани за 0:3.
И тоа беше крај на прашањето за тоа кој ќе биде победникот на оваа прволигашка средба.















