Чаби има нови главоболки: Хујсен во „аут“ за Олимпијакос и Џирона

23
фото: Real Madrid CF (X)

Дефанзивните проблеми со кои се соочува Чаби Алонсо се зголемуваат од ден на ден. Последната вест е дека менаџерот на „кралевите“ на подолг рок ќе остане и без главното летно дефанзивно засилување, Дин Хујсен.

Хујсен сигурно нема да игра против Олимпијакос, а сигурно нема да биде во тимот и за неделниот меч со Џирона.

Засега под знак прашалник е како ќе тече неговото опоравување и дали Шпанецот ќе се опорави до мечот следната среда со Атлетик Билбао. Централниот бек претрпе повреда на мускулот на квадрицепсот, а проценетото време за закрепнување е меѓу 7 и 10 дена.

ПретходноЃурчиновски го презема шампионскиот трофеј
СледноИзов: Заслужена победа, направен е првиот чекор кон исполнување на целта