Во четврток во Приштина, со почеток од 21 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“, се игра мечот од 4.коло во Лигата на Конференции меѓу Дрита (Косово) и Шкендија (Македонија).
Шкендија е клуб од Тетово, шампион на Македонија, ама интересно е како клубот и тоа на своите социјални мрежи го најави овој важен европски меч за двете екипи.
„Албанско дерби во Европа“, “Надвор од границите сме едно“, Една нација, два тима – едно чувство“.
Досега тоа беше истакнувано од страна на нејзините фанови, ама еве сега и самиот клуб како да оди со својата реторика по некои патеки кои не се за споменување.
На крај, Шкендија е шампион на Македонија а не на Албанија.










