Денес се навршуваат пет години од смртта на аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона. Марадона почина во 2020 година на 60-годишна возраст од срцев удар, по сериозни здравствени проблеми и операција поради крварење во мозокот.
Тој се искачи од сиромашните населби на Буенос Аирес до статус на глобална икона, играјќи за Барселона и Наполи, но токму на Светското првенство во 1986 година остави најголем белег.
Тогаш стана бесмртен – со „Божјата рака“ против Англија до брилијантен соло гол за освојување на титулата. Иако ја предводеше Аргентина до финалето во 1990 година, неговата меѓународна кариера ненадејно заврши во 1994 година по позитивен допинг тест.
По неговата играчка кариера, Марадона раководеше со неколку клубови и беше селектор на Аргентина од 2008 до 2010 година.
Само еден е Диего. Само еден е Марадона. Само еден е генијалцот кој со својата фудбалска вештина беше најголемиот според многумина.
Диего беше народски човек и поради тоа што знаеше да се бунтува против “стегите“ на политиката, на ФИФА, на црквата. Диего беше своеглав и беше нај, нај за сите, ама само за себе не чинеше.
Диего Армандо Марадона, засекогаш ќе остане во срцата на оние кои најмногу го сакаат и најмногу го разбираат фудбалот.
Секоја чест за Меси, Пеле, Кристијано, Кројф, Платини, Бекенбауер, Роналдо, Ди Стефано,…но, само еден беше вистинскиот КРАЛ на фудбалот.
Само Диего!










