Кошаркарите на Партизан доживеаја нов дебакл во Евролигата, откако вечерва загубија во Атина од Панатинаикос со 91:69. „Црно-белите“ одиграа срамно во финишот на третата и почетокот на четвртата четвртина кога ПАО направи неверојатна серија од 25:0 што досега е незабележано на натпреварите во Евролигата.
Во останатите дуели од денешната програма, Дубаи со одличен финиш го совлада Париз со 90:89, Фенербахче тесно го победи тимот на Виртус Болоња со 66:64, а победа на домашен терен остварија и кошаркарите на Жалгирис кои беа подобри од Басконија со 82:67.
На гости победа забележа Реал (М), кој за половина кош беше подобар од Хапоел ТА со 74:75.
Во последниот вечерашен меч Валенсија го прегази Баерн (М) со 90:67.










