Полувреме во Струга: Шкупи и Пелистер играат без голови, чаирчани не реализираа два зицери

40
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Заврши првото полувреме од последниот меч од 14.коло во ПМФЛ, меѓу Шкупи и Пелистер, кој се игра во Струга. Нема голови, резултатот е 0:0. Иако битолчани пред мечот важеа како фаворити, сепак чаирчани се тие кои треба да жалат дека немаат водство. Имено Шкуи преку Шуку и Мухарем имаа и тоа какви зицери, но за нивна жал, истите не беа претворени барем во еден гол.

Пелистер е подобар во поле, има посед и иницијатива. Пелистер во 5.минута преку Здравковиќ постигна и гол, ама по реакцијата на ВАР собата, истиот беше поништен поради очигледен офсајд.

Момците на стратегот Милан Стојановски кон голот на Гроте се заканија преку Спировски во два наврати, а Петковски нешто одлево убаво се снајде во таа 18.минута, но Гроте го одбрани тој удар.

Претходно„Албанско дерби во Европа“: Еве како Шкендија го најави мечот со Дрита во ЛК! (ФОТО)
СледноАндреј Јакимовски: “Конечно сум тука, сакам да помогнам“!