Радивојевиќ: Магдебург е тешко да се изненади, но во Битола покажавме дека се е возможно!

0

Пелистер утре го чека нов предизвик во Лигата на шампиони. Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола гостува Магдебург, дуелот се игра со почеток во 20:45 часот. Ракометарите на македонскиот првак добро знаат за силата на европскиот првак, ова ќе биде поинаков дуел од сите останати.

Тешко е да се најде начин за да се изненади бундес-лигашот, но од таборот на Пелистер ветувааат дека ќе пружат најдоброто за себе и за своите фанови.

„Сите знаат каква екипа е Магдебург колку време се заедно, добро се познаваат и имаат добар систем. Почитуваат што ќе се договорат во соблекувална и знаат тоа да го изнесат на терен, тука се гледа таа разлика. Според мене е Магдебург е еден од најдобрите тимови во светот.

Кога би знаел како да се изненади Магдебург би рекол во среда ќе ги победиме. Ќе се обидеме, ќе дадеме се од себе. Покажавме дека изненадувањата се возможни, не е лесно да се игра тука против нас и против наша публика, нема да биде лесно и ќе го дадеме максимимот. Имаме најдобра публика во Лигата на шампиони, ќе дадеме се од себе зас нас и за нашите фанови“, изјави Богдан Радивојевиќ.

Билетите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба.

ПретходноЏиџи Бекали како никој друг ја понижи Ц.Звезда!