“Чкембари“ со реакција: Како тоа банка од Битола да биде спонзор на Вардар! (ФОТО)

0

Во врска со информациите дека РК Вардар има нов спонзор, денеска со реакција на своите социјални мрежи реагираше навивачката група “Чкембари“.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

ЈАВНО СООПШТЕНИЕ

Пред само неколку дена, Алта банка од Србија ја купи Стопанска банка АД Битола. Иако сè уште неребрендирана, денес веќе под името Алта банка АД Битола, се појавува како нов финансиер и спонзор на РК Вардар 1961. Истовремено, сведоци сме дека и во ФК Вардар во последниот период „никнуваат“ нови спонзори, што нè враќа во времето од пред неполна деценија, кога спортските колективи под името Вардар, под маската на приватен капитал, всушност функционираа како државни проекти.

Очигледни се и релациите со федерациите каде што се натпреваруваат овие клубови, како и нивниот судиски и институционален третман. Истовремено, очигледни се и врските и блискоста на актуелниот министер за спорт со овој клуб.

Прашањето што го поставуваме е јасно:

Дали ваквиот модел – насочување на државните, јавните и големите приватни спонзори кон само еден колектив – е фер кон сите други клубови во државата?

Дали е фер кон спонзорите кои со години ги поддржуваат останатите клубови?

Во момент кога нереално високи финансиски средства влегуваат само во еден клуб, сосема е очекувано дека на пазарот ќе се креираат нереално високи плати. Тоа директно ги прави останатите клубови неконкурентни во обидот да привлечат квалитетни играчи и да останат рамноправни во спортската борба.

Ние нема да молчиме!

Ги повикуваме сите битолски функционери, избрани од народот и одговорни пред градот, да не останат неми пред ова што се случува. Ова прашање ја засега директно Битола, нејзините клубови, нејзините спортски работници, нејзините навивачи и целиот народ кој ви ја дал довербатасе вели во соопштението на “Чкембари“.

ПретходноВМФЛ: Сензација во Штип, Новаци ја шокираше Шкендија (А)