„Албанско дерби во Европа“: Еве како Шкендија го најави мечот со Дрита во ЛК! (ФОТО)

390

Во четврток во Приштина, со почеток од 21 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“, се игра мечот од 4.коло во Лигата на Конференции меѓу Дрита (Косово) и Шкендија (Македонија).

Шкендија е клуб од Тетово, шампион на Македонија, ама интересно е како клубот и тоа на своите социјални мрежи го најави овој важен европски меч за двете екипи.

Албанско дерби во Европа“, “Надвор од границите сме едно“, Една нација, два тима – едно чувство“.

Досега тоа беше истакнувано од страна на нејзините фанови, ама еве сега и самиот клуб како да оди со својата реторика по некои патеки кои не се за споменување.

На крај, Шкендија е шампион на Македонија а не на Албанија.

ПретходноГолманот на Брегалница успешно опериран! (ФОТО)
СледноПолувреме во Струга: Шкупи и Пелистер играат без голови, чаирчани не реализираа два зицери