Вардар 1961 го потврди своето место во главната рунда во Европската лига, откако на гостински терен кај Сесвете славеше со 24-38 (12-23) во меч од петтото коло. За Иван Чупиќ и неговите избраници ова беше четвртти триумф, имаат и еден пораз.
Митровиќ со седум гола беше прв стрелец во редовите на Вардар 1961, зад него беше Малус со пет. Валах запиша 11 интервенции.
Победникот на оваа средба беше познат после 13 минути игра кога македонскиот тим поведе со 4-11, во 23-та минута позитивата беше двоцифрена 9-19. На одморот Вардар 1961 имаше високи 12-23.
Во продолжение „црвено-црните“ отворија со 2-0 за плус 13 (12-25). После една ваква разврска немаше дилеми, веќе беше сигурно дека Вардар 1961 ќе излезе победнички од оваа пресметка и ќе завери два нови бода за потврда на главната рунда.
Во последниот меч од групната фаза Вардар 1961 ќе биде домаќин на Тулуз.










