ВМФЛ: Ќе биде „жешко“ во Новаци, Брегалница го пречекува Осогово

91
ФОТО: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica/FB

Денеска од 13 часот на програмата се седум меча од 14.коло во ВМФЛ. Дуелот меѓу Тетекс и Кожуф е закажан за 3 декември. Секако дека се очекува најинтересно да биде во Новаци, каде истоимениот тим го пречекува лидерот на табелата, составот на Шкендија (А). Во случај гостите да слават, а Брегалница дома со Осогово да не победи, тогаш на коло до крајот Шкендија (А) ќе стане есенски првак.

Исто така интересно би требало да биде крај Охридското езеро, каде Охрид се среќава со Детонит. Тоа е меч на две екипи со високи амбиции сезонава.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки од денешното 14.коло.

ДВОЈКИ ЗА 14.КОЛО ВО ВМФЛ – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Вардар (Н) – Победа

Брегалница – Осогово

Новаци – Шкендија (А)

Саса – Беласица

Преспа – Слога (В)

Охрид – Детонит

Скопје – Г.Коњари

Тетекс – Кожуф (03.12.2025)

ТАБЕЛА

Шкендија (А) 32, Брегалница 30, Охрид 27, Скопје 26, Беласица 25, Новаци 23, Детонит 23, Осогово 20,. Кожуф 20, Саса 17, Тетекс 13, Победа 10, Вардар (Н) 10, Преспа 9,Слога (В) 4, Г. Коњари 3

ПретходноТројка од пола терен и нов трипл-дабл за Јокиќ (ВИДЕО)
СледноЏиџи Бекали како никој друг ја понижи Ц.Звезда!