Кристијан Хорнер се враќа во Формула 1. Вест која и не е којзнае какво изненадуање. Имено медиумите на Островот пренесоа дека има големи несогласувања меѓу Енди Кауел, извршниот директор во Астон Мартин, и Адриан Њуи, техничкиот гениј кој работи на машината на Астон за Ф1 во 2026 година.
Во исто време, Кристијан Хорнер повторно се појавува на мапата на Формула 1. Поранешниот шеф на тимот на Ред Бул, кој беше отпуштен по Големата награда на Велика Британија, доби пакет отпремнина вреден дури 52 милиони фунти, наводно сака лидерска позиција во Астон Мартин, па дури и удел во сопственоста.
Клучниот момент во позадината на целата приказна наводно се однесува на прашањето кој навистина го води тимот. Њуи, вработен со полн капацитет на новата ера на автомобилот за 2026 година, наводно не бил подготвен да се придржува до стилот на управување на Кауел, па затоа имало затегнати односи што се прелеале врз целата структура.
Потенцијалното доаѓање на Хорнер би носело специфична тежина и одредена доза на непријатност. Една од главните причини на Њуи за напуштање на Ред Бул била токму проблемот околу Хорнер, кој бил под сериозни обвинувања за сексуално вознемирување и мобинг. Според информациите од тоа време, тој се чувствувал потценет од изјавите на Хорнер кои го минимизирале неговиот придонес во успехот на Ред Бул.
Интересно е што во меѓувреме односите меѓу двајцата Британци се подобриле, дури има и гласина дека биле заедно на концерт на Оејзис во текот на летото, што покажува дека тензиите барем делумно се смириле.
Хорнер е подготвен да се врати во Формула 1. Тој беше отпуштен по голем скандал, но раскинувањето на договорот му овозможува да ја преземе новата функција во Ф1 во 2026 година без ограничувања.
Астон Мартин сега го смета за човек кој би можел да го поведе проектот во нова ера, но одлуката сè уште не е донесена.










