Евролига: Срамно издание на Партизан во Атина, ПАО имаше серија 25:0!

43
фото: KK Partizan Mozzart Bet (X)

Кошаркарите на Партизан доживеаја нов дебакл во Евролигата, откако вечерва загубија во Атина од Панатинаикос со 91:69. „Црно-белите“ одиграа срамно во финишот на третата и почетокот на четвртата четвртина кога ПАО направи неверојатна серија од 25:0 што досега е незабележано на натпреварите во Евролигата.

Во останатите дуели од денешната програма, Дубаи со одличен финиш го совлада Париз со 90:89, Фенербахче тесно го победи тимот на Виртус Болоња со 66:64, а победа на домашен терен остварија и кошаркарите на Жалгирис кои беа подобри од Басконија со 82:67.

На гости победа забележа Реал (М), кој за половина кош беше подобар од Хапоел ТА со 74:75.

Во последниот вечерашен меч Валенсија го прегази Баерн (М) со 90:67.

ПретходноВардаровата машина го „сомеле“ Сесвете за потврда на главна рунда во Европска лига (ВИДЕО)
СледноДали повторно ќе соработува со Њуи: Хорнер се враќа во Формула 1!