Со автоголот на Кунде, Челзи во ди со 1:0 по првото полувреме на вечерашното дерби од 5. коло во Лигата на шампионите. „Сините“ одиграа извонредно прво полувреме, го притиснаа противникот, постигнаа два гола кои беа поништени од ВАР, а потоа во третиот обид по асистенција на Кукуреља, Нето успеа да ја протне топката до нозете на Кунде, кој неспретно ја втера во сопствената мрежа и им донесе предност на домашните.
Баер (Л) води со 1:0 на гостувањето во Манчестер против Сити, откако Гвардиола го почна мечот со комплетно променет тим. Домашните излегоа со речиси вториот тим, а Германците ја искористија првата вистинска шанса и преку Грималдо во 23. минута поведоа.
Бодо има водство од 1:0 против Јувентус, а иста предност дома остварија и фудбалерите на Борусија (Д) кои со гол во судиското продолжение поведоа преку Гираси. Гостинска предност од 1:0 обезбеди Њукасл и тоа на гостувањето во Франција против Олимпик Марсеј, благодарение на голот на Харви Барнс.
Наполи – Карабах и Славија – Атлетик (Б) завршија на полувреме без погодоци.










