Две гостински победи на стартот на 5. коло од Лигата на шампионите. Вечерва, екипите на Бенфика и Унион Ст. Жилои се враќаат со полн плен од гостувањата во Амстердам, односно Истанбул.
Бенфика на Жозе Мурињо славеше со 0:2 на гостувањето кај Ајакс и ја прокнижи првата победа во тековната сезона од најквалитетното европско клупско натпреварување. Гостите отворија по само 6 минути игра со голот на Дал, додека конечните 0:2 ги постави Бареиро во самиот финиш на натпреварот.
Втората победа оваа сезона ја остварија фудбалерите на Ројал Унион од Белгија. На тешкото гостување кај Галатасарај, Белгијците успеаја да слават со 0:1 со голот на Давид во 57. минута, но мора да се напомене дека со играта можеби заслужија и поубедлива победа.










