Осогово има свој супер-херој: Јованоски и одбрани два пенали на Брегалница (ВИДЕО)

0
фото: GFK Osogovo (FB)

Голманот на Осоговор, Ѓорѓи Јованоски, денеска се претвори во востински супер-херој за кочанчани на тешкото гостување во Штип кај Брегалница и успеа да им донесе голема победа на своите соиграчи и армијата навивачи на клубот.

Јованоски денеска брилјираше на голот на Осоговор, не дозволи да прими гол, а притоа успеа да одбрани и два пенали. Брегалница доби удари од белата точка во 14-тата и 92-та минута од мечот, но Јованоски и двата ги одбрани не дозволувајќи домаќините да извлечат барем реми. На крајот Осогово од Штип замина со победа од 0:1 и три бода на своето конто.

 

ПретходноЃорческа елиминирана на стартот на турнирот во Трнава