Беќири: Сите играчи се подготвени, за нас императив е победа

41
фото: kfshkendija.com

Шкендија утре ќе го игра својот четврти натпревар во главната фаза од Конференциската лига на УЕФА со гостување во Приштина против косовска дрита. Тренерот Јетон Беќири на денешната прес-конференција зборуваше за очекувањата од утрепшниот дуел.

„Уверен сум дека и тимот на Дрита и нашиот тим се подготвени да го дадат својот максимум. Тоа е натпревар од особено значење, бидејќи се среќаваме во европски натпреварувања, поточно во Конференциската лига. Се надеваме дека ќе добиеме позитивен резултат, а позитивен резултат за нас е победа. Важно е да имаме фер натпревар, а потоа да победи тимот што ќе покаже повеќе на теренот за игра, тимот што ќе има повеќе спортска среќа или тимот што најдобро ќе ги искористи создадените можности. Се наоѓаме во фаза од првенството, каде што некои од играчите покажаа загриженост, но во последните три или четири дена сите играчи тренираа со тимот. Сите играчи се подготвени и мотивирани и се надевам дека оние што ќе имаат можност да излезат на теренот утре, ќе го дадат својот максимум и ќе се обидат да го направат најдобриот можен настап“, вели Беќири.

ПретходноТалентот на Арсенал настапи со 13 години во младинската Лига на Шампиони
СледноЛШ Полувреме: Експлозија на Мбапе, тврдо на „Емирати“, ПСЖ и Ливерпул се мачат (ВИДЕО)