„Гробари“ со скандалозно навивање: „Убиј го Хрватот за да шиптарот да нема брат“

0

Спортските терени и натаму стануваат место каде одредени групи на навивачи наместо да навиваат спортски, тие испраќаат пораки исполнети со омраза. Еден ваков најнов пример доаѓа од меќот меѓу Партизан и Нексе во рамките на петтото коло на Европската ракометна лига (30:27).

И покрај претходните казни поради испадите на навивачите на српскиот клуб и апелите од Партизан, повторно се слушнаа скандалозни извици од трибините за време на натпреварот против хрватскиот вицешампион.

„Гробарите“ почнаа да скандираат „Да умрат усташите“, „Усташ пи*ка“. И покрај јасните правила на ЕХФ за нулта толеранција за говор на омраза, судиите не одлучија да го прекинат натпреварот. Ова ги охрабри навивачите на Партизан, кои потоа скандираа „Вуковар е црно-бел град“ и „Убиј го Хрватот за да шиптарот да нема брат“.

ПретходноДончиќ го наполни кошот на Клиперс со 43 поени (ВИДЕО)