Обрадовиќ со писмо се збогуваше со фановите на Партизан

54
ФОТО: KK Partizan/FB

Жељко Обрадовиќ денеска го напушти кормилото на белградски Партизан, а клубот го потврди неговото заминување со објавување писмо кое Обрадовиќ го испрати до јавноста.

„Драги навивачи на Партизан,

Пред четири и пол години се вратив во мојот сакан клуб и тргнав заедно со вас да го живеам најубавиот сон. Имав желба и цел нашиот Партизан повторно да стане дел од Евролигата по 10 години, и сите успеавме во тоа заедно. Натпреварите на нашиот сакан клуб станаа нешто повеќе од кошарка, благодарение на вас кои сте најзаслужни за тоа. За жал, дојде моментот кога морав да ја преземам одговорноста за сите лоши работи што се случија оваа сезона и да поднесам неотповиклива оставка. Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои му помогнаа на нашиот клуб сите овие години, на претседателот на клубот и на сите членови на Управниот одбор, на сите луѓе од работната заедница на клубот, како и на сите спонзори. Многу сум благодарен на сите играчи кои беа со нас во овие четири и пол години, на членовите на мојот тренерски штаб (многу пати сум нагласил, најдоброто што го имав) и секако голема благодарност до сите навивачи на Партизан! Ви благодарам за безрезервната поддршка, почит и љубов што ми ја дадовте сите овие години“, напиша трофејниот тренер.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 14.КОЛО: Слатката одмазда на Шефити
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу (Арсими)