Роџерс Мато: Со „чизма“ до 5 декември, а потоа следува рехабилитација

3

Екипата на Вардар е на прагот да ја освои есенската титула во актуелниот ПМФЛ шамионат. Лидерот на табелата има пред себе уште два дуела во кој се среќава со екипите на Шкупи на домашен терен односно со Македонија ЃП на гости во последното коло.

Огромен удел во успехот на „црвено – црните“ сезонава има интернационалецот од Уганда, и најдобар стрелец на тимот Роџерс Мато кој што есенва постигна 12 гола во шампионатот.

Сепак, на таа серија мораше да и стави крај затоа што на дуелот со Тиквеш, напаѓачот се повреди.

Се работи за скршеница на коска на ногата, незгодна повреда која дефинитивно го става во „аут“ позиција до крајот на полусезоната.

„Штета што се случи ова, навистина добро ми тргна есенва. Вардар добро играше, головите дојдоа сами по себе. Имавме одлични настапи не само на домашен терен и во ПМФЛ туку и во Европа. Што се однесува до повредата, сеуште носам „чизма“, тоа најверојатно до 5 декември, а потоа следува дополнително опоравување“  – вели Роџерс Мато за Спортспорт.

Тој секако дека на пролет ќе биде фит да му се придружи на тимот и да биде дел од атакот на новата шампионска титула.

 

 

ПретходноМакедонија У20 со пријателска во Лихтенштајн, повик добива Сејдо Дураков