Тимот на Шкендија замина на уште едно европско гостување. Овојпат далеку поблиску од вообичаеното. Во соседно Косово, каде што в утре во рамките од новото коло од групмата фаза од Лигата на Конференции, ќе се сретне со тамошниот шампион, екипата на Дрита.
Шкендија веќе и тоа како докажа есенва дека може да се носи во ова натпреварување, затоа што освои веќе четири бода. Мечот во Косово секако дека ќе биде нова шанса за докажување и можност за ново покачување на бодовното салдо.
Дуелот се игра во Приштина на стадионот Фадил Вокри со почеток од 21:00 часот.










