Горазд Ристовски со Црвена Звезда на чекор од елиминациската фаза од Лигата на Шампионите

0

Македонскиот младински репрезентативец до 19. години Горазд Ристовски денеска беше дел од тимот на Црвена Звезда кој што на домашен терен успеа да слави против тимот на Жилина во рамките од последниот филтер пред влезот на елиминационата фаза од младинската Лига на Шампиони.

Дуелот заврши со 3:1, а Ристовски влезе во второто полувреме од мечот. Претходно тој влечеше незгодна повреда, поради која што го откажа настапот за Македонија на квалификацискиот турнир во Португалија.

Звезда и Ристовски сега треба да го одиграат реваншот против Жилина и доколку се биде во ред, ќе влезат во нокаут фазата од младинската Лига на Шампиони.

Реваншот е за седум дена во Словачка.

 

ПретходноШампионот тргна на следното европско гостување