Магдебург без мака ја освои Битола (ФОТО+ВИДЕО)

6

Пелистер не успеа да дојде до посакуваното изненадување против актуелниот првак во Лигата на шампиони. Магдебург без мака дојде до нови бодови, откако славеше со 26-31 во меч од деветото коло и ја продолжи својата перфекција. Има девет победи во исто толку натпревари. За Пелистер ова беше седми пораз, има и две победи.

Митревски имаше 11 одбрани, младиот Брестовац една, Радивојевиќ и Манасков со пет гола беа први стрелци. Јенсен имаше шест погодоци, Клар пет.

Гостите го отворија првото полувреме со 1-4, но битолчани не му дозволија на противникот лесно да го наметне својот ритам и да се чувствува комотно во салата „Боро Чурлевски“. Најголемта позитива која Магдебург ја имаше беше пет гола разлика (8-13 и 9-15). На одморот резултатот беше 12-15.

Со три одбрани на Митревски стартуваше второто полувреме, но Пелистер не ги искористи своите шанси. Магдебург реализираше два напади во 34-та минута за 12-17. Првиот гол за македонскиот тим во овој дел го постигна Манасков после пет минути игра. На стартот на 45-та минута гостите ги поведоа со највисоки плус седум (15-22). И сето ова и покрај тоа што Митревски влезе во серија на одбрани.

Магдебург не им дозволи на ракометарите на Пелистер да приредат драма, во финишот на мечот одиграа онолку колку што беше доволно за да рутински ја заршат својата задача.

ПретходноНовиот Американец ќе дебитира против Азербејџан