Борусија го победи Виљареал со 4:0 во петтото коло од Лигата на шампионите. Гермaнските навивачи ја искористија оваа средба во Дортмунд против шпанскиот клуб за жесток протест против Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација. На преполната трибина позната како „Жолтиот ѕид“ беа развиени транспаренти со пораки: „Нашето срце е со вас… Против натпревари во странство, Ла Лига е к*рва..
Причината за оваа порака на поддршка за навивачите на Виљареал, но и навредите кон шпанските фудбалски организации, беше првенствениот натпревар меѓу Барселона и Виљареал кој требаше да се одигра во Мајами. Германските навивачи жестоко се противат на играње натпревари од националните првенства на други континенти. Тие чувствуваат силна поврзаност со своите клубови и стадиони, кои ги сметаат за свој дом.
УЕФА, која обично е воздржана во дозволување лигашки натпревари да се играат надвор од националните граници, го одобри натпреварот. И покрај тоа, планот наиде на силен отпор во Шпанија. Навивачите, тренерите, играчите и клубовите протестираа сметајќи дека таквата одлука ја нарушува рамнотежата на натпреварувањето. Сега на таа критика им се приклучија и навивачите на Борусија Дортмунд.
😳🇩🇪 ¡El tifo del @BVB que carga duramente contra LaLiga y la RFEF!
😡 “El hogar está donde esta tu corazón… P*** La Liga , P*** RFEF”
🇪🇸 Protestan contra la intención de celebrar partidos de liga en el extranjero pic.twitter.com/5GiMjrTHwn
— Tiempo de Juego (@tjcope) November 25, 2025










