Одбојкарките на македонскиот шампион Јанта Волеј немаа сили за уште едно изненадување во европските купови. Вечерва во првиот меч од 1/16-финалето на Купот на ЦЕВ, екипата на Младост Загреб славеше со убедливи 3:0 на средбата во Скопје.
ЈАНТА ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ ЗАГРЕБ 0:3 (6-25, 12-25, 19-25)
Гостинките прикажаа тотална доминација и во трите сета и не дозволија нашиот првак да се доближи до водството кое го имаа во сите три сета. За разлика од првите два сета, Јанта Волеј одигра малку посигурно во третиот сет, кога беше блиску до предноста на гостите. Сепак, во завршницата Младост ја потврди доминацијата и со убедлива победа заминува пред реваншот кој ќе го одигра на домашен терен следната среда.
Бошковска и Маројевиќ со по 7 поени беа најефикасни во редовите на нашиот шампион.










