Кошаркарските квалификации за ЕВРО 2029 година се пред нас, а не очекуваат два дуела, против селекцијата на Азербејџан, кој се игра утре од 19.часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, и против Ирска во Даблин на гостински терен.
Нашиот репрезентативец Лејсон Зеќири е оптимист пред овие два дуела, во кои мораме да ја оправдаме улогата на поквалитетен ривал.
„Очекувањата за мечевите со Азербејџан и Ирска се да победиме. Ние сме фаворити, го имаме и домашниот терен на првата средба, но мора да бидеме и доста внимателни, затоа што мало опуштање може да ги однесе натпреварите во поинаков тек“ – вели Зеќири.
Тој смета дека искуството во нашиот табор може да биде клучно.
„Со враќањето на искусните играчи, како Војдан Стојановски, и ние можеме да напредуваме и да учиме од нив. Да собираме искуство како да одиграме меч, како да завршиме или привршиме меч. Верувам дека, ако сите ги исполниме задачите на селекторот, можеме до првото место“- вели Зеќири.










