ЛШ Полувреме: Експлозија на Мбапе, тврдо на „Емирати“, ПСЖ и Ливерпул се мачат (ВИДЕО)

1

Два гола, по еден во двете мрежи по првиот дел на супер-дербито во 5. коло од лигата на шампионите вечерва на „Емирати“ во Лондон. Арсенал и Баерн заминаа на пауза со 1:1, откако домашнте поведоа со голот на Тимбер во 22. минута за 1:0, додека младиот Карл израмни на 1:1 со погодокот во 32. миинута.

Неверојатниот Килијан Мбапе со хет-трик за само 6 минути успеа да направи целосен пресврт на мечот со Олимпијакос во Атина. Грците поведоа изненадувачки со еден прекрасен гол на Шикињо во 9. минута, по што следуваше експлозија на Мбапе со три гола од 22 до 28 минута на мечот за 1:3 за „кралевите“.

Ливерпул вечерва повторно се мачи на домашен терен. И ПСВ прв успеа да постигне гол против „црвените“, откако Ван Дајк направи глупав пенал играјќи со рака во сопствениот шеснаесетник. Перишиќ беше прецизен од белата точка за 0:1. За среќа на домашните, Соболслаи успеа во 16. минута да израмни на 1:1.

Европскиот шампион ПСЖ со гол во 45. минута преку Витиња успеа да израмни на 1:1 против Тотенхем, кој прв поведе во Париз со голот на Ришарлисон во 35. минута. Атлетико оди на одмор со 1:0 против Интер со голот на Алварез, додека Спортинг има 2:0 против Клуб Бриж. Без голови беше само во Франкфурт, каде Ајнтрахт игра со Аталанта.

ПретходноБеќири: Сите играчи се подготвени, за нас императив е победа