Новосоздадената македонска фудбалска репрезентација до 20. години на чело со селекторот Александар Таневски во понеделник заминува за Лихтенштајн каде што во среда на петти декември ќе одигра пријателски дуел со соодвената селекција на оваа земја.
Селекторот Таневски за оваа пригода и дебито впрочем на селекторската функција се одлучува за претежно домашен играчки кадар, плус пет до шест играчи кои настапуваат во странство.
Поточно, момчиња кои што се со наше потекло и кои што за прв пат добиваат повик за Македонија.
Па така, за прв пат, доколку се биде во ред секако, повик за Македонија ќе добие младинецот на Баерн Минхен, и во моментов играч на Рот Вајс Ерфурт, Сејдо Дураков, кој што во потрага по голема сениорска минутажа се одлучи за преселба во овој тим и не погреши. Одлично се снајде почна да постигнува голови и да асистира.
Тоа е момчето кое што има настапи и за Германија во младинските категории.
Во оваа селекција предност добиваат играчите родени 2006 односно 2007 година, кои што дополнително ќе бидат селектирани пред да влезат во У21 процесот што се вели.
Мал проблем претставува и вон УЕФА терминот но се надеваме дека клубовите ќе имаат разбирање и играчите ќе добијат дозвола да се јават на повикот од ФФМ.
Планиран е и возвратен дуел на оваа генерација некаде следната година во март во Скопје.










