Актуелениот кадетски шампион на Македонија, Пелистер ќе биде дел од Лигата на шампиони за млади.
Минатата сезона, генерацијата 2006 го постигна најголемиот успех на македонска младинска екипа на европската сцена, пласирајќи се на завршниот турнир „Фајнл-фор” во Келн и влегувајќи меѓу најдобрите четири тимови во Европа.
“Генерацијата 2008 ја продолжува оваа успешна традиција, претставувајќи го РК Еурофарм Пелистер, градот Битола и Република Македонија на највисоко европско ниво. Клубот континуирано инвестира во младинските категории, градејќи силна база за идни ракометни шампиони и унапредувајќи го угледот на македонскиот ракомет на меѓународната сцена”, се вели во известувањето на Пелистер.










