Призна вина човекот кој прегази навивачи на прославата на Ливерпул

0

Човекот кој се заби во автомобил во топлата навивачи на Ливерпул минатата година кога клубот славеше шампионска титула го промени својот исказ и изјави дека е виновен за инцидентот.

Дотичниот Пол Дојл со својот автомобил се заби во навивачите повредувајќи 130 од нив меѓу кои бебе и старица.

Поранешниот војник се изјасни за невин во септември пред  судот во Ливерпул, но сега, на првиот ден од судењето, тој рече дека сака да го промени својот став и да ги прифати сите обвиненија покренати против него. На обвинителната клупа, Пол Дојл беше предупреден дека е „неизбежно“ да добие долга затворска казна.

Сè уште не е дадено објаснување за постапките на Дојл, чија казна се очекува да биде објавена на дводневното рочиште закажано за 15 и 16 декември. Дотогаш, обвинетиот ќе остане во притвор.

ПретходноГоразд Ристовски со Црвена Звезда на чекор од елиминациската фаза од Лигата на Шампионите