ТИМ И ИГРАЧ НА 14.КОЛО: Слатката одмазда на Шефити

176
ФОТО: KF Arsimi/FB

Да се победи Шкендија со 3:0, да се “торпедира“ актуелниот шампион кој игра во лигашката фаза во Лигата на Конференции,тогаш јасно е дека од тој тим треба да се играчот на колото. И тоа е според „СпортСпорт“ Шефит Шефити, и не само поради еден од тие три гола, туку и поради неговата игра. Јасно е дека тој имаше свои посебни мотиви за победа против неговиот матичен клуб. Ова беше слатка одмазда на Шефити.

Покрај него во тимот на колото се и неговите соиграчи Ислами, Дардишта и Таипи, како и Тодоровски и Талевски (Вардар), Мојсов (Тиквеш), Илиевски и Малески (Струга ТЛ), Мирчевски (Силекс), Булатовиќ (Пелистер).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

Шефит Шефити

Клуб: Арсими

Роден: 19.02.1998 во Тетово

Кариера: Шкендија, Ренова, Приштина, Беса, Арсими

ПретходноПелистер со генерацијата 2008 година ќе биде дел од Лигата на шампиони
СледноОбрадовиќ со писмо се збогуваше со фановите на Партизан