Детроит израмни стар рекорд, Шaј не простува дури ни кога е болен (ВИДЕО)

34

Рекордот е израмнет, не е соборен. Детроит, исто како шампионските генерации од 1990 и 2004 година, застана на 13 победи. Низата на Пистонс ја прекина Бостон, кој славеше 117-114. За Селтикс блескаше Џејлен Браун со 33 поени и 10 скокови, а во финишот, во последната четвртина, Дерик Вајт беше незапирлив – од своите 27 поени, 11 даде во последните пет минути од натпреварот.

Гостите имаа шанса: три слободни фрлања за Канингем, но го промаши последното. Пејтон Причард беше фаулиран и од линијата за слободни фрлања ги докрајчи гостите од север. Така Канингем, и покрај своите 42 поени, стана трагичарот на натпреварот.

Болеста не го загрижи ниту Шај, иако беше под вирусот, МВП постигна 40 поени во Минесота, за десетта победа по ред за шампионот. Оклахома со со 18-1, го има еден од петте најдобри стартови во историјата на лигата. Од друга страна, Едвардс имаше 31 поен, ги држеше „Волците“ во игра до самиот крај, но шутевите беа одлучувачки, гостите промашија дури 15 од 37.

Резултати:

Шарлот – Њујорк 101:129
Мајами – Милвоки 106:103
Оклахома – Минесота 113:105
Торонто – Индијана 97:95
Њу Орлеанс – Мемфис 128:133 (прод.)
Голден Стејт – Хјустон 100:104
Портланд – Сан Антонио 102:115
Сакраменто – Феникс 100:112

ПретходноМакедонија доби нов европски првак во мотоциклизам – Петар Мијалков се искачи на врвот во БМУ шампионатот!
СледноХенигман: Игравме против најдобриот тим во светот, можеме да бидеме горди