КК Партизан не ја прифати оставката на Обрадовиќ

131
Фото: Драгана Стјепановиќ

На денешната седница на Извршниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан донесена е одлука да не се прифати понудената оставка на тренерот Жељко Обрадовиќ.

Искусниот стратег во текот на вчешаниот ден си поднесе оставка на функцијата, но ете највисокиот орган на клубот се одлучи истата да не ја прифати.

„На 27 ноември одржана е итна седница на Извршниот одбор на КК Партизан на која главна тема беше оставката на тренерот на првиот тим, Жељко Обрадовиќ. И покрај тоа, Извршниот одбор на предлос на претседателот Остојан Миливојевиќ едногласно донесе одлука да не се согласи со оставката на Обрадовиќ и да му даде безрезервна поддршка. Со желба и натаму да биде прв тренер на Партизан. По оваа одлука клубот го контактираше Обрадовиќ и од него се бара да размисли околу неговата оставка, да ја повлече и да продолжи со работа“ – се вели во соопштението на клубот.

 

ПретходноВинисиус беше лидер на бунтот, победата во ЛШ ги промени работите
СледноАртета: Многу сум среќен, одигравме брилијантно