Јакимовски: Имав доста измешани емоции пред кам-бекот

0

Андреј Јакимовски уште еднаш потврди дека е иднината на македонската репрезентативна кошарка.

Одигра одличен натпревар против Азербејџан, зад неговото име запиша дабл-дабл од 25.поени и 11.скока.

„Ова е прв добар чекор за нас во овој циклус. Влеговме како фаворити и го оправдавме тоа. Има уште многу до нашата посакувана цел и форма. Но како што кажав, ова е добар чекор кон тоа. Сме на добар пат и се надевам дека во наредните циклуси ќе бидеме комплетни, сите заедно и нашиот фокус е на Ирска. Мислам дека се работи за посилна селекција од Азербејџан и нашиот фокус е таму, од ден на ден да бидеме подобри.

Овој период е доста краток, но мора да го искористиме за да се воиграме и запознаеме. Мур е одличен играч, го имаме и Вајли. Наше е да се подобруваме од ден во ден, и да го дадеме нашиот максимум.

Имав доста измешани емоции на кам-бекот во репрезентацијата. Сакав и претходно да играм, но поради некои оправдани причини не можев. Среќен сум што сум тука, ќе се јавувам на повикот на селекторот ако сум спремен и здрав. Задоволен сум и лично како одиграв, иако секогаш може подобро“– искоментиора најдобриот поединец во победата над селекцијата на Азербејџан

ПретходноАко му врачи отказ: Еве колку Ливерпул ќе мора да му плати на Слот!