ЛШ – табела по 5.коло: Само Арсенал е максимален!

27
ФОТО: Arsenal/FB

Вчера и завчера се одиграа сите 18 мечеви од 5.коло во Лигата на Шампионите. Проследивме спектакуларни мечеви, имаше и сензации како поразот на Ливерпул дома од ПСВ, како и оној на Манчестер Сити дома од Леверкузен. Сепак во преден план беше мега – дербито меѓу Арсенал и Баерн Минхен кое заврши со победа на тимот од „Емирејтс“ со 3:0. Секако дека ќе се паметат и оние 5:3 на ПСЖ со Тотенхем, како и победата на Челзи со 3:0 против Барселона.

Па така по ова пето коло само еден тим е максимален. Само Арсенал има пет од пет или максимални 15 бода од пет меча. Следуваат на табелата четири екипи со по 12 бода, а тоа се ПСЖ, Баерн Минхен, Интер и Реал Мадрид.

Сити е на 9. место, Ливерпул е на 13. а Барселона на 18.место.

Погледнете ја како изгледа табелата на три кола до крајот во тековната сезона во лигашката фаза во Лигата на Шампионите.Image

ПретходноЛудница во Белград: Еве како “Гробари“ го чекаат Обрадовиќ на аеродром…се пее химната на Партизан! (ВИДЕО)
СледноНиту Шкендија (А), ниту Брегалница: Еве кој тим најверојатно ќе биде есенски првак!