Нема во сабота второлигашки натпревар во Радовиш. Имено според распоредот требаше на 29 ноември (сабота) од 13 часот, во рамките на 15.коло да се игра мечот меѓу Детонит и Скопје. Сепак последните информации велат дека теренот на Градскиот стадион е поплавен по последните интензивни врнежи, па затоа истиот е одложен за 2 декември (вторник).
Колку за потсетување, на 3 декември (среда) ќе се игра и заостанатиот меч од 12.коло меѓу Г. Коњари и Охрид. Со овие два натпревари и дефинитивно завршува есенскиот дел од тековната сезона во ВМФЛ.










