Денеска се одиграа 8 нови натпревари на стартот на женското ракометна светско првенство во Германија и Холандија. Вечерва на програмата беа дуелите кои се играат во холандските градови Ротердам и Хертогенбош, но кои не видовме некои поголеми изненадувања.
Иако се очекуваше да биде еден од најинтересните денишни дуели, мечот меѓу Романија и Хрватска заврши со убедлива победа на Романките од 33:24. Клучниот момент во првото полувреме беше серијата од 6:0 за Романија, со пет различни играчи кои постигнаа барем еден гол, што го претвори водството од два гола на Хрватска од 6:8 во водство од четири гола за Романија од 12:8. На крајот, Романија ги подобри своите шанси за пласман во главната рунда со убедлива победа, оставајќи ги противничките во тешка ситуација, каде што мора да победат против Данска и Јапонија во следните два натпревари, особено ако се знае дека Данска ја прегази вечерва Јапонија со 36:19.
Вечерва сигурна победа обезбедија и ракометарките на Норвешка, кои со 34:19 славеа над селекцијата на Јужна Кореја. Унгарките немаа проблем со Сенегал победувајќи со 26:17.
ГРУПА А
Романија – Хрватска 33:24
Данска – Јапонија 26:19
ГРУПА Б
Швајцарија – Иран 34:9
Унгарија – Сенегал 26:17
ГРУПА Г
Бразил – Куба 41:20
Шведска – Чешка 31:23
ГРУПА Х
Ангола – Казахстан 38:20
Норвешка – Ј. Кореја 34:19










