Хенигман: Игравме против најдобриот тим во светот, можеме да бидеме горди

1
Фото: Еурофарм Пелистер

Пелистер не успеа да приреди уште една сензација во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак на домашен терен беше совладан од Магдебург со 26-31 за седми пораз оваа сезона, има и две победи.

После мечот Ник Хенигман потенцира дека треба да бидат задоволни од мечот и да гледаат кон иднината, бидејќи за противник го имаа еден од најдобрите тимови во светот.

„Ова беше тежок натпревар за нас, но мислам дека можеме да бидеме горди. Сите играчи го дадоа својот максимум на теренот. Навивачите повторно беа одлични. Но, игравме против еден од најдобрите тимови во светот. Сакам да им честитам на играчите на Магдебург за победата. Тие трчаат многу, играат брзо во нападот – целиот натпревар еден на еден – и тоа е разликата од нашиот последен ривал, ПИК Сегед и овој Магдебург. Не можевме целосно да ги запреме, но секогаш бевме тука со три, четири разлика. Треба да бидеме задоволни и да гледаме кон иднината“, изјави по мечот Ник Хенигман. 

Пелистер го чека дерби дуел против Алкалоид во недела.

ПретходноДетроит израмни стар рекорд, Шaј не простува дури ни кога е болен (ВИДЕО)