Хрватска сериозно смета на „Американците“, Македонија никако да се сети на нив (ВИДЕО)

180

Македонската фудбалска репрезентација е пред сериозен крстопат. Досегашниот кормилар, Благоја Милевски со кого постигнавме сериозни резултати и успеси, и кој несомнено е еден од оние кои оставаат голем печат во нашето национално фудбалско постоење повеќе нема обврски кон ФФМ.

Неговиот актуелен договор заврши со самото завршување на Мундијалските квалификации, и се е поизвесно дека нема да добие продолжување.
Дали тоа ќе биде Милевски, или според многумина најголемиот фаворит Гоце Седлоски, или пак некој трет останува да видиме, а Спортспорт ќе се позабави како и обично со она што се вели македонски потенцијални репрезентативци.

Новиот селектор, кој и да биде, ќе треба, или е пожелно да треба да се позабави со нашинците кои што во моментов играат во МЛС, најдобрата американска фудбалска лига.

Истата е во огромна експанзија, типичен пример за тоа е тамошното присуство на Лионел Меси, Луиз Суарез, Серхио Бускетс, и многу други. Чести се и балканците, што по потекло и родени во САД, а што заминати во МСЛ со трансфер.

Голгетери со очигледно сериозен квалитет

Македонија во моментов треба, мора да се позабави со тројца потенцијални наши репрезентативци.

Во прв ред тоа е Дени Мусовски, во моментов играчот на тимот на Сиетл, и играчот кој што сезонава има постигнато 14 гола и четири асистенции. Искусниот голгетер има 29 години и целата своја кариера ја мина во САД. Има македонски пасош според информациите на интернет, и нема настап за репрезентацијата на САД.

Следува многупати напишаниот од наша страна Милан Илоски кој што е дел од тимот на Филаделфија Унион и кој што сезонава во успесите на својот клуб партиципираше со 12 гола и шест асистенции.

Последниот за кој Македонија реално и единствено се заинтересирала во минатото е играчот на Остин, Бесард Шабовиќ. Тоа е момче кое што е родено во Стокхолм, Шведска, и кој што беше капитен на младинските репрезентации на оваа земја. Македонија го повика на пријаелски средби и да, тој настапи за Македонија, но не го промени спортскиот пасош. Потоа во сениорска конкуренција не настапи ниту за нас ниту за Шведска.

Во моментов играчот за врска има 27. години, а во кариерата настапуваше меѓудругото и за Дјургарден, Мјалби, Кимки во Русија, Кајсери во Турција….

Хрватска е светска сила со играчи од МЛС во составот

Само како пример, дали МЛС е доволно квалитетно натпреварување за да Македонија доведе од таму репрезентативно засилување еве конкретен пример.

Репрезентацијата на Хрватска, сериозна светска фудбалска велесила, во моментов има два репрезентативци од САД. Тоа се Петар Муса од тимот на Далас, и Марко Пашалиќ од тимот на Мајами и обајцата напаѓачи.

 

 

ПретходноЕфес му врачи отказ на Кокошков
СледноПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029: Искуството и младоста треба да се нашата добитна комбинација