Јетон Беќири: Честитки за Дрита, ние примивме лесен гол, бадијала беше нашата доминација!

0
фото: kfshkendija.com

Шкендија вечерва во меч од 4.коло во Лигата на Конференции како гостин беше поразена од Дрита со 1:0. Од она што можеше да се види, нашиот шампион го имаше поседот, имаше и шанси, како пречката на Љатифи, но прими гол по еден кикс на одбраната и на крај остана со празни рацена стадионот “Фадиљ Вокри“ во Приштина.

Еве што по мечот изјави стратегот на тетовцим, Јетон Беќири:

И честитам на Дрита за победата. Бевме доминантни речиси 90 минути, но на овие нивоа на европски натпреварувања, кога ќе го примите голот што го примивме ние, многу лесен гол, не можете да се надевате на позитивен резултат. И покрај тоа што имавме време да реагираме, создадовме неколку шанси, доминиравме на теренот, но немавме среќа во одредени моменти. Дрита го водеше натпреварот и освои три бодови“.

ПретходноЛЕ: Лион се врати на врвот, Миовски и Ренџерс ремизираа со Брага, втора радост за Ц. Звезда