ПСЖ и Тотенхем синоќа на “Паркот на Принцовите“ во Париз, одиграа спектакуларен меч, еден од најубавите досега оваа сезона, а на крајот победата ја однесе европскот шампион со неверојатни 5:3. Блескаше португалскиот репрезентативец во средниот ред на ПСЖ, Витиња. Кој не само што постигна маестрален гол од далечина, туку на крајот заврши со хет – трик, прв во неговата кариера.
По мечот стратегот на Тотенхем, Томас Франк не го криеше своето воодушевување од играта на противничкиот фудбалер:
“Јас немам сомневање во тоа, верувајте дека Витиња е слдниот освојувач на Златната топка. Тој на последниот избор заврши како трет, а по овој меч можам да кажам само – ВАУУ. Според мене тој во моментов е најдобриот играч од средниот ред во светот и следен освојувач на Златната топка“ искоментира тренерот на Тотенхем.










