Ендрит Красниќи: “Сакам победа на Шкендија против мојот некогашен клуб“!

48
ФОТО: KF Shkëndija/fb

Вечерва во Приштина, во меч од 4.коло во Лигата на Конференции, Шкендија гостува кај Дрита. Многу важен меч за шампионот на Македонија, кој со евентуална победа и тоа како ќе дојде на чекор до пласман во следната фаза во ова натпреварување.

Инаку ова ќе биде емотивен меч за играчот за врска на Шкендија, Ендрит Красниќи кој пет години бил дел од Дрита, клуб кој е важечки шампион на Косово.

На официјалниот прес Красниќи за тамошните медиуми истакна;

Во мојата кариера, поголемиот дел од времето сум бил тука. Се чвствував убаво. Ги освоив речиси сите титули на овој стадион. Сепак како играч на Шкендија посакувам и се надевам дека ќе се радувам на победа против мојот некогашен клуб“ посочи интернационалецот од Косово во дресот на Шкендија и продолжи:

Очекувам квалитетен и интересен меч, знам дека и сите во Дрита се среќни што играат против нас и ќе видиме како ќе се одвива натпреварот. Се надевам дека на крајот од натпреварот, среќата ќе биде на наша страна. Да кажам дека среќен сум што и Дрита и ние сме во ова натпреварување, бидејќи ова е едно од најсилните европски натпреварувања.Засега сум со Шкендија и мојата желба и надеж е ние да го добиеме овој натпревар“.

ПретходноЛШ: Арсенал го урна и Баерн, Мбапе со четири гола за победа, Ливерпул тоне (ВИДЕО)
СледноМакедонија доби нов европски првак во мотоциклизам – Петар Мијалков се искачи на врвот во БМУ шампионатот!